Sunday, April 20, 2014

Клонирани клетки на возрасен човек

Откако овцата Доли била клонирана во 1996тата година, научниците се обидуваат да го направат истото со човечките клетки. Конечно, со користење на истите техники, научниците успеаа да ја освојат оваа цел.


„За првпат докажавме дека всушност можеме да земеме клетки од кожата, од 35-годишен маж, но исто така и од постар, 75-годишен маж и да ја искористиме нивната ДНК за да создадеме ткиво со клетки кои точно се совпаѓаат“, рекол ко-авторот на истражувањето, Роберт Ланза.
Трудот е објавен во научното списание Cell Stem Cell.
Претходната година, техниката била успешно користена со клетки од новороденчиња, но со цел да се создаде ткиво во лабораторија кое ќе може да лечи болести кај возрасните, како Алцхајмеровата болест. Научниците сакаа да дознаат дали техниката ќе биде успешна и со клетки од возрасен човек.
„Среќен сум за успехот на нашиот експеримент“, вели Сукрат Миталипов, истражувач во полето на развојната биологија во Универзитетот за здравје и наука во Орегон, кој го водеше проектот.
Проектот потрврдил дека клучниот дел од процесот е започнување од квалитетна човечка јајце клетка. Истражувачите ја замениле оригиналната ДНК од неоплодената јајце клетка со ДНК од донорот и потоа ги култивирале клетките во лабораториски сад. Матичните клетки, кои комплетно се совпаѓаат со ДНК-та на донорот, можат подоцна да се претворат во различни типови на ткива.
Иако комплетното клонирање на човекот е далеку, овој труд предизвикува исто количество на грижа и возбуда.
„Секако дека овој тип на технологија може да биде злоупотребен од злонамерни научници“, вели Пол Нофлер од Институтот за медицина на Универзитетот во Дејвис, Калифорнија.